четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Русија го предупреди Израел: Нападите врз Бушер се опасна игра што може...

Русија го предупреди Израел: Нападите врз Бушер се опасна игра што може да доведе до нуклеарна катастрофа

272
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Русија во последните недели постојано го предупредуваше Израел дека воздушните напади врз областите во непосредна близина на нуклеарната централа Бушер ризикуваат да предизвикаат „голема нуклеарна катастрофа“, објави израелскиот Канал 12.

Официјална Москва го предупреди Израел дека нападите во близина на цивилната нуклеарна централа Бушер ги загрозуваат руските експерти и цивилите што работат таму, објави „Тајмс оф Израел“. Во извештајот на израелскиот Канал 12 се наведува дека Русија делумно ја изградила нуклеарната централа Бушер и помага во нејзиното работење, поради што Кремљ предупреди дека израелските напади ги загрозуваат билатералните односи меѓу Русија и Израел.

„Како одговор на предупредувањата, израелската војска ги промени своите оперативни процедури во областа и нема намера да му наштети на ниту еден руски граѓанин“, се вели во соопштението на Израелските одбранбени сили.

Руското Министерство за надворешни работи и руската амбасада во Израел постојано ги предупредуваа израелските претставници за опасностите од нападот, наведувајќи дека една ракета експлодирала „многу блиску до рускиот персонал во нуклеарната централа Бушер“.

„Го доведувате нашиот народ во опасност. Ова е опасна игра што веројатно ќе предизвика голема нуклеарна катастрофа, со сериозни последици за Блискиот Исток. Ве повикуваме да престанете“, рече официјален претставник на Кремљ во порака испратена до висок израелски функционер.

Рафаел Гроси, директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), напиша на својот X профил дека не е пријавено зголемување на нивото на зрачење на локацијата, но изрази „длабока загриженост“ за израелските напади.

ИЗДВОЕНИ