среда, септември 16, 2026
Дома СВЕТ Русија двапати се обиде да ме убие во последните неколку недели, откри...

Русија двапати се обиде да ме убие во последните неколку недели, откри Зеленски

1
EPA/ANDREJ CUKIC

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската војска во последните неколку недели двапати го нападнала авионот со кој патувал, вклучително и инцидентот во Молдавија.

„Во Молдавија беше мојот претседателски авион и затоа ја нападнаа Молдавија. Кога се враќавме дома, повторно преку Кишињев, го направија истото“- изјави тој во интервју за CBS News.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе претходно соопшти дека авионот на украинскиот претседател на 9 септември, за време на летот кон Осло, каде што Зеленски требаше да допатува во посета, „за влакно избегнал“ дрон во молдавскиот воздушен простор.

„Тоа е реалноста во која тој живее“ – изјави тогаш Сторе.

Зеленски сега откри дека неколку дена подоцна, при враќањето во Украина, уште еден или два дрона навлегле во молдавскиот воздушен простор. За тој втор инцидент претходно немаше јавни информации. Украинските власти соопштија дека сите членови на делегацијата се безбедни, додека тогаш не беше познато дали леталото било намерно насочено кон претседателскиот авион.

Според Зеленски, ваквите настани претставуваат дел од рускиот обид да се застрашат тој и странските функционери. Како уште еден пример го наведе нападот врз патничкиот воз кој во неделата превезуваше странски функционери низ Украина. Меѓу патниците беа високи европски функционери и поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, кои по нападот беа евакуирани во близина на полската граница.

Можеби не знаеја дека таму имаше некои Американци, или можеби, напротив, знаеја, бидејќи не им верувам. Мислам дека знаеја. Затоа што Европејците, Американците, голема делегација, беа во тој воз, тие нападнаа – изјави Зеленски.

Во меѓувреме, европските земји бележат сè повеќе случаи на навлегување дронови во нивниот воздушен простор, при што за дел од нив е утврдено дека потекнуваат од Русија. Според наводите на Асошиејтед прес, повикувајќи се на литвански воени функционери, авионите на НАТО во вторникот за првпат собориле дрон над Литванија.

ИЗДВОЕНИ