
Еден дел од француските медиуми ја пласираа информацијата дека германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен се обидува да ги осигури услугите на искусниот напаѓач Карим Бензема. Францускиот интернационалец моментално има статус на слободен фудбалер, а во финишот од летниот преоден рок преговараше со челниците на Бенфика и на Лион, но не најде заеднички јазик околу платата.











