Ова не е првпат диви свињи да залутаат во белградските населби, а претходно се забележани и на Калемегдан и на Дорќол. Експертите советуваат да се избегнува контакт и мирно да се оддалечите доколку ги сретнете.
По калдрмата во Земун вчера, по еден дождлив ден, лежерно си прошета една веќе вообичаена жителка на овој дел од градот. Сè би било во ред, доколку не стануваше збор за диво животно, поточно дива свиња.
Како што забележаа камерите на граѓаните, дивата свиња прошетала по улицата „Његошева“ во Земун, а сите се прашуваа само едно – од каде таа таму?
Навистина, не е првпат диви свињи да „залутаат“ по белградските улици. Имало случаи и кога шетале низ Калемегдан и Дорќол, а главно, како што претпоставуваат жителите на Земун, тие препливуваат преку Дунав и од Воениот остров доаѓаат од другата страна на реката.
Во случај да наидете на нив, експертите советуваат дека не треба да се крева паника.
Треба да се избегнува директен контакт очи во очи, бидејќи ако тргнете кон дивата свиња, постои можност и таа да тргне кон вас. Човекот треба со забрзан чекор да се оддалечи; сосема е непотребно и непрактично да се има каков било контакт, изјави претходно Будимир Грубиќ, директор на ЈКП „Ветерина Белград“.
Според зборовите на Златко Крстојевиќ од Ловечкото здружение Белград, кога во ноември 2022 година беа забележани диви свињи на Земунскиот кеј, тие во принцип се бегаат и се тргаат од луѓето.
Опасни се само ако свињата е ранета или ако е со своите млади прасиња. Ако наидеме на нив додека шетаме, треба само мирно да поминеме покрај нив, советуваше тој.
View this post on Instagram












