Полуфиналните натпревари на 22. Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“ донесоа одличен фудбал, борбеност и голема неизвесност, а по двете пресметки познати се финалистите кои ќе се борат за победничкиот пехар.
Руди Компани во првото полуфинале славеше со 3:1 против Кеги Моби и обезбеди место во големото финале. Руди поведе со 3:0, а потоа противникот успеа само да намали, но не и да дојде до израмнување, односно пенали. Во вториот дуел, пак, имаше далеку поголема неизвесност. По ремито без голови во првото полувреме, Јувентус БС Скеле поведе во втората половина во второто полувреме. Кога сите помислија дека тоа ќе биде и конечниот резултат, Мега Лифтови со силен пресинг дојде до посакуваните 1:1. Мечот беше одлучен во пенал-рулетот, каде Мега Лифтови славеше со 4:3.
Големото финале е закажано за недела, 27 септември, од 20:00 часот, кога Руди Компани и Мега Лифтови ќе ги одмерат силите во битката за шампионскиот пехар на 22. издание на Меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“.











