Беспилотно летало се урна во близина на селото Солка во округот Сучава на северот од Романија, без жртви или материјална штета, соопшти денеска Министерството за национална одбрана на таа земја. Вршителот на должноста министер за одбрана, Раду Мируца, изјави утринава за Digi24 дека, според првичните информации, дронот што се урна во шумата во округот Сучава има нешто понови карактеристики од оние што Министерството ги има видено досега.
Министерот ја опиша изминатата ноќ како интензивна од гледна точка на романската армија и нагласи дека е потребен протест против Руската Федерација.
„Осум борбени авиони беа кренати во воздух синоќа, од полноќ до утринава, што не е вообичаена работа и не е нешто што нормално се случува“, рече тој.
Официјалното лице објасни дека дронот не бил соборен бидејќи не биле исполнети потребните услови, а леталото влегло во земјата само на четири минути пред да се урне во шумата во близина на местото Солка во Сучава.
„Екипите се на лице место, го чекам нивниот извештај. Она што го знаеме е дека летал четири минути во романскиот воздушен простор, доаѓајќи од Украина. Овој пат не поминал низ Молдавија, туку поминал низ северот на земјата точно на пресекот на границите на земјите. Влегол во романскиот воздушен простор четири минути. Се урна во област каде што нема ризик за населението“, рече тој.
A drone crashed near Solca, Suceava County, after spending approximately four minutes in Romanian airspace.
The drone entered from Ukrainian territory via the northern Botoșani County during a Russian night attack. Two Romanian F-16s were scrambled to monitor the situation, and… pic.twitter.com/Rv9MjF7PKB
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) September 24, 2026
Според неговите зборови, во прашање е дрон со малку понови технички карактеристики во споредба со оние што ги виделе досега. Нагласи дека инцидентот бара реакција од Романија кон Русија.
„Очигледно е дека е потребен протест против оние кои не го почитуваат меѓународното право, како што е Руската Федерација. Романската армија не е во воена состојба. Романската армија и Романија се во мирен период. Оние кои спроведуваат такви активности со прекршување на воздушниот простор и меѓународното право, сепак мора да сфатат дека тоа не е дозволено и мора да сфатат дека ние демонстрираме“, објасни Мируца.
Министерот, сепак, нагласи дека реакцијата на Романија зависи од други институции, а не од Министерството за национална одбрана.
„Ние, на воено ниво, имаме одговорност да направиме сè што можеме со она што ни е на располагање за да го одбраниме романското население. Ваквите извештаи ги разгледуваме и ги пренесуваме по секој таков инцидент до Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и Претседателската администрација. На дипломатско ниво постојано се води дискусија во врска со ваквите работи, се анализира сразмерноста на мерките што треба да се преземат, но тоа е работа што го надминува Министерството за одбрана“, изјави привремениот министер.
На прашањето зошто дронот не бил соборен, тој рече дека условите за соборување дрон мора да бидат исполнети истовремено.
Според зборовите на министерот, бројот на дронови кои годинава влегле во воздушниот простор на Романија е трипати поголем во однос на 2025 година, а тоа се објаснува со „интензивната активност на украинскиот фронт“.
„Она што го гледаме во Романија се последици од пропорционалната активност на војната на Руската Федерација во Украина. Романија има планови за ресурси за мирнодопско време, има планови за ресурси за време на конфликт. Романската армија сега делува според плановите за мирнодопско време, што значи дека бројот на војници, капацитетите и достапните ресурси се оние што се во модул за мирнодопско време. Ние не сме земја во војна за да го удвоиме бројот на војници, да ги удвоиме или утротроиме ресурсите доделени на романската армија, како што се случува во период кога земјата е во војна“, заклучи Раду Мируца.












