понеделник, септември 28, 2026
Дома КУЛТУРА Романот на Хана Корнети „Илина и шумските тролови“ објавен на српски

Романот на Хана Корнети „Илина и шумските тролови“ објавен на српски

6

Реномираната издавачка куќа за деца и млади, „Креативен центар“ од Белград, го објави преводот на српски јазик на романот „Илина и шумските тролови“ од Хана Корнети. Преводот е на Ирена Шентевска.

Со објавувањето, романот на Хана Корнети ќе има можност да допре до пошироката читателска публика во регионот. Промоцијата на книгата во Белград ќе се одржи на 9 октомври, во рамките на манифестацијата „Детска недела“ во библиотеката „Бранко Миљковиќ“, а на 10 октомври и во книжарницата на издавачот.

„Креативниот центар“, основан 1989 година, за повеќе од три и пол децении прерасна во една од најзначајните и најнаградувани издавачки куќи за деца во Србија. Тој изгради препознатлив издавачки стандард во кој детската книга се сфаќа како спој на книжевност, имагинација, образование, визуелна култура и почит кон детскиот читател.

Македонското издание на „Илина и шумските тролови“ во 2023 година го објави издавачката куќа „Или-или“.

ИЗДВОЕНИ