петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ „Ројтерс“: Венс сè уште не отпатувал во Пакистан на планираната нова рунда...

„Ројтерс“: Венс сè уште не отпатувал во Пакистан на планираната нова рунда разговори меѓу САД и Иран

68
Фото:EPA/SHAWN THEW / POOL

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, сè уште е во Соединетите Држави и не отпатувал во Пакистан, бидејќи изгледите за втора рунда разговори со Иран остануваат „нејасни“, изјави извор запознаен со ситуацијата за „Ројтерс“.

„Иран размислува за учество во мировни преговори, но не е донесена одлука. Не е познато дали другите членови на американската делегација се на пат или веќе се во Исламабад на разговори“, изјави висок ирански функционер.

„Њујорк пост“ претходно објави дека Венс, претставниците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се на пат кон Исламабад, каде што е планирана нова рунда разговори меѓу САД и Иран.

Тројцата учествуваа во првата рунда разговори за прекин на непријателствата што започнаа со нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека ќе испрати американска делегација во Пакистан на дополнителни разговори пред да истече прекинот на огнот во наредните денови, објави „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ