петок, септември 25, 2026
Дома БАЛКАН Во Косово е уапсен првоосомничениот за убиството на 26 годишното момче во...

Во Косово е уапсен првоосомничениот за убиството на 26 годишното момче во Скопје

0

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик, објави „Алсат“.

Според информациите на телевизијата, Кучи бил уапсен од косовската полиција, додека по вториот осомничен сè уште се трага.

Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Според досега објавените информации, Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица.

Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

ИЗДВОЕНИ