Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, кој е во официјална посета на Кина, објави видео на својот Инстаграм профил со хуманоидни роботи кои играат „Моравец“, најавувајќи дека првата фабрика на овие роботи ќе се отвори во Србија за само неколку месеци.
„Во Кина много од тоа е можно, па дури и роботите да играат „Моравец“, во што и самите се уверивме“, рече министерот за финансии Синиша Мали во својата објава, кој беше во посета на иновативниот центар на кинеската компанија Minth Future Factory.
Тој додаде и дека планот е роботите да ги пречекуваат посетителите на изложбата EXPO 2027 на ист начин.
Српскиот претседател Александар Вучиќ е исто така во официјална посета на Кина, и како што изјави утрово, првата фаза од производството на хуманоидни роботи, или поточно нивното склопување, ќе започне во Србија до 15 јули.
View this post on Instagram












