Американскиот актер Роберт Де Ниро денес изјави дека е горд што стои зад движењето „Без кралеви“ и го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Њујорк дека претставува закана за слободата и безбедноста.
„Го поддржувам ова движење 150 проценти“, рече Де Ниро, пренесува CNN. Тој го опиша Трамп како егзистенцијална закана за слободата и безбедноста.
„Тој мора да биде запрен сега“, рече актерот. Де Ниро ги критикуваше „непотребните војни“, како и политиките на Трамп за здравствената заштита, имиграцијата и економијата.
„Време е да им се каже „не“ на кралевите. Време е да му се каже „не“ на Доналд Трамп“, заклучи Де Ниро.
Илјадници протестни собири се во тек низ целите САД против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација наречени „Без кралеви“, пренесува Ројтерс.
Организаторите велат дека се планирани повеќе од 3.200 настани во сите 50 држави и се надеваат дека тоа ќе биде најголемиот еднодневен ненасилен протест во историјата на САД. Два претходни настани „Без кралеви“ привлекоа милиони демонстранти, а големи собири се одржуваат денес во Њујорк, Лос Анџелес, Вашингтон и градови во американската држава Минесота.












