Македонската ракометна легенда, Стојанче Стоилов, беше промовиран во нов тренер на скопскиот клуб Бутел, а потпиша договор на две сезони.
- Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клуба кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци. Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади ракометари, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополнил „ростерот“ со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона – пласман во плејофот, само со македонски ракометари изјави Стоилов.











