Настанот беше проследен од присутните со голем интерес, со оглед на креативноста и на имагинативноста што ја прикажаа младите дизајнерки.

Марија Роглева, Надица Николова, Симона Костадиновска, Рената Илиева, Ангела Трифуновска, Ивона Мицановска, Благица Николова, Анастасија Бојковска, Леона Давидовска, Ларита Василова и Анастасија Чадо на ревијата се претставија со уникатен моден концепт

 

Модната ревија „Еклиптика“ со креации на единаесет студентки од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје беше вистинско освежување за посетителите на 32. издание на Моден викенд Скопје, што вчеравечер се одржа во Дајмонд мол. Настанот беше проследен од присутните со голем интерес, со оглед на креативноста и имагинативноста што ја прикажаа младите дизајнерки.

Модните дизајнерки – студентки од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје и нивните ментори

Марија Роглева, Надица Николова, Симона Костадиновска, Рената Илиева, Ангела Трифуновска, Ивона Мицановска, Благица Николова, Анастасија Бојковска, Леона Давидовска, Ларита Василова и Анастасија Чадо на ревијата се претставија со уникатен моден концепт, привлекувајќи го вниманието и со колоритот, употребениот материјал и со самиот начин на изработка.

Креација на Анастасија Бојковска
Креација на Надица Николова
Креација на Леона Давидовска

 

Секоја од студентките се претстави со три модели кои можат да се споредат со оние создадени од светски познатите модни куќи.

Како што посочија за весникот ВЕЧЕР, ова претставување има големо значење за нив, со оглед на тоа дека нивните креации добија на видливост, а за дел од нив ова е и прво претставување во јавноста.

Креација на Марија Роглева
Креација на Рената Илиева
Креација на Ивона Мицановска

 

Создадени под менторство на проф. д-р Гордана Вренцоска и проф. м-р Александар Рашковиќ, а во соработка со м-р Александар Чавкароски и Гордана Божиновска, креациите се дел се од наставните активности на насоката за моден дизајн.

Креација на Ларита Василова
Креација на Анастасија Чадо
Креација на Ангела Трифуновска

 

Инаку, колекцијата е наменета за современата жена која не се плаши да ја покаже својата автентичност, жена која е постојано во движење, свртена кон иднината, но длабоко предана на својот културен идентитет, со тивка почит кон традицијата и облеката на нашите предци, но и со гласност против неправдите и желба за рамноправно место под сонцето. (Д. Т.)

Креација на Благица Николова
Креација на Симона Костадиновска

Фото: Ѕ. Плавевски и Европски универзитет -Скопје

 

 

ИЗДВОЕНИ