четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ „Беше цел на агресивните непријатели“: Иран ја потврди смртта на клучен воен...

„Беше цел на агресивните непријатели“: Иран ја потврди смртта на клучен воен командант

35
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Исламската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, кој починал од повредите здобиени во неодамнешните напади.

Претходно, Израел и САД соопштија дека Тангсири бил ликвидиран во заедничка операција на 26 март. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, тогаш изјави дека во „прецизна и смртоносна операција“ биле елиминирани повеќе високи морнарички функционери.

Иранските медиуми денеска пренесоа соопштение на Револуционерната гарда, во кое се наведува дека Тангсири „подлегнал на тежината на повредите“, откако бил цел на напади додека ги координирал воените сили и одбранбените активности долж иранските брегови.

„Контраадмиралот на Револуционерната гарда, маченикот Алиреза Тангсири, кој по моќните напади што доведоа до уништување на клучни непријателски објекти и инфраструктура, како и соборувањето на американски борбен авион, беше цел на агресивните непријатели додека ги организираше и зајакнуваше силите и го зајакнуваше одбранбениот штит на островите и бреговите, подлегна на сериозноста на повредите и почина“, се вели во соопштението.

Смртта на високиот командант доаѓа во услови на засилени воени судири во регионот, при што конфликтот меѓу Иран и сојузниците на Западот продолжува да ескалира.

ИЗДВОЕНИ