четврток, ноември 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Реконструкција на уличното осветлување на потегот од „Жито Струмица“ до Мало Стопанство

Реконструкција на уличното осветлување на потегот од „Жито Струмица“ до Мало Стопанство

1

Општина Струмица ја почна реконструкцијата на уличното  осветлување на потегот од „Жито Струмица“ до Мало Стопанство.

Станува збор за десната страна од булеварот, на излезот од Струмица кон границата со Бугарија, што долги години беше без улично осветлување.

Активностите опфаќаат бојадисување на семафорските столбови и замена на семафорските светлосни тела, со цел обновување на опремата и обезбедување нејзино правилно функционирање.

– Во следната фаза ќе бидат опфатени и семафорските уреди во подземната гаража и на булеварот „Климент Охридски“. Претходно, ќе биде извршен стручен преглед на нивната состојба, врз основа на кој ќе се утврдат потребните интервенции за нивно одржување и обновување – соопштија од Општина Струмица.

Од Општината предупредуваат да не се користат семафорските столбови за лепење некролози, известувања и други печатени материјали.

 

ИЗДВОЕНИ