недела, јули 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Регионален форум на Источниот Плански Регион за одржлив третман на биоотпадот

Регионален форум на Источниот Плански Регион за одржлив третман на биоотпадот

2

Општина Берово ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на регионалниот форум на Источниот Плански Регион за одржлив третман на биоотпадот, кој ќе се одржи денеска, со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Берово.

Форумот се организира во рамките на проектот „Нула биоотпад: системски промени во партнерство со граѓаните“.

– Целта на форумот е да се презентираат резултатите од базичното истражување за управување со биоотпадот и преку заедничка дискусија да се утврдат најсоодветните решенија за регионот. Прифатениот концепт ќе претставува основа за изработка на претфизибилити студија, која ќе им овозможи на општините полесен пристап до финансиската поддршка за реализација на идните проекти – наведуваат од Општина Берово.

На форумот ќе учествуваат градоначалници од регионот, претставници на јавните комунални претпријатија, институции, стопански комори, земјоделски и шумарски субјекти и други засегнати страни од Источниот Плански Регион.

 

ИЗДВОЕНИ