понеделник, ноември 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Снег ја белее Попова Шапка, температурите под нулата – за викендот повторно...

Снег ја белее Попова Шапка, температурите под нулата – за викендот повторно дожд и снег во Македонија

1
Фото: Ski Macedonija камери во живо

Снег вечерва врне на Попова Шапка, на околу 1.800 метри надморска височина, каде што веќе е забележливо формирање на снежна покривка. Температурите се спуштија под нулата, па зимските услови на планинскиот центар стануваат сè поизразени.

Според најавите на метеоролозите, утре нè очекува сончево, но постудено време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Во среда утрото ќе биде ведро и студено, со негативни утрински температури. Во текот на денот се очекува зголемување на облачноста, а од крајот на денот ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови од земјава, каде што се очекува да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар.

Поради најавеното заладување кон крајот на неделата, за време на викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег, што значи дека зимските услови постепено ќе зафаќаат и други повисоки предели во земјава.

ИЗДВОЕНИ