Студениот бран и спуштањето на снежната граница донесоа снежни врнежи и вечерна снежна идила во планинското село Црн Врв.
Она што до вчера беше есенски амбиент, денеска изгледа како сцена од зимска бајка.
Врнежите од снег се очекува да продолжат и доцна во ноќта, додека од утре се најавува разведрување со значително постудено време и утрински температури под нулата.












