сабота, август 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Редок момент од дивината: Мечка со своите мали фатена на камера во...

Редок момент од дивината: Мечка со своите мали фатена на камера во Радика/ВИДЕО

3027

Ретка и впечатлива глетка од дивината е забележана покрај реката Радика, каде мечка со своите две мечиња била снимена како се бања во реката, уживајќи во првите денови од пролетта.

Снимката е објавена на фејсбук-страницата „Ривер Радика“, од каде информираат дека вакви сцени ретко може да се видат во природата. „Поглед што ретко се гледа – мечка со своите мали фатени на камера покрај Радика“, се наведува во објавата.

Автор на видеото е Един Исмаили, кој успеал да го забележи овој несекојдневен момент од животот на дивите животни.

Оваа глетка уште еднаш ја потврдува богатата биодиверзитетна вредност на регионот и убавината на македонската природа.

ИЗДВОЕНИ