Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата среда сега изнесува 1.943, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси се дуплирал на 10.571, а спасувачките екипи сè уште наоѓаат луѓе под урнатините.
Во понеделник, бројот на жртви од земјотресот беше 1.719. Првиот земјотрес во Венецуела, со јачина од 7,2 степени, се случи во 18:04 часот по локално време минатата среда, околу 200 километри западно од Каракас.
По него следеше втор земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала на 45 километри оддалеченост, по што следеа низа последователни потреси, пренесе „Хина“.












