Во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, вечерва во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ се одржува собир на кој граѓаните за последен пат да му оддадат почит на легендарниот македонски пејач.
„Неговите песни и незаборавните рефрени одекнаа уште еднаш, а од светлината од свеќите сјаеше едно големо ‘благодарам’, а собраните граѓани уште еднаш преку присуство во тишина уште еднаш потврдија дека големите уметници никогаш не се забораваат.
Фото:П.Стојановски













