понеделник, август 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Премиерот Мицкоски го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет

Премиерот Мицкоски го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет

518

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција по седницата на Извршниот комитет ги претстави кадровските решенија во рамки на реконструкцијата на Владата.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, додека Министерството за здравство ќе го преземе Сашо Клековски.

Досегашниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, е предложен за директор на Фондот за здравствено осигурување, а со Министерството за локална самоуправа ќе раководи Иван Стоилковиќ.

За министер без ресор е предложен Ерџан Демир.

 

ИЗДВОЕНИ