Кошаркарите на Реал Мадрид ја „прегазија“ Барселона во „Блауграна“ со 95:76, во рамките на 23. коло од шпанското првенство, со што ја зацврстија водечката позиција со скор од 21:2 (победи-порази).

Барселона останува на четвртото место на табелата со 15:8, но уште поголема болка е тоа што доаѓа овој пораз на домашен терен, од најлутиот ривал. Играчите на Реал ги распределија поените, па Факундо Кампацо постигна 15, Габриеле Прочида 14, а Марио Хезоња 13.

Со оваа победа, Реал ѝ се одмазди на Барселона за поразот во првиот дел од сезоната и им стави до знаење на сите кој е фаворит за освојување на титулата во шпанското првенство.

ИЗДВОЕНИ