Екипата на Реал Мадрид продолжува да го засилува својот ростер и потпиша едногодишен договор со американскиот бек Ник Смит Јуниор. Станува збор за плејмејкер и бек-шутер што пристигнува од НБА-лигата, каде што во изминатите три сезони настапуваше за Шарлот корнетс и Лос Анџелес лејкерс.

Смит беше избран како 27. пик на драфтот во 2023 година од страна на Шарлот, а последната сезона ја помина во Лејкерс.

Во НБА има одиграно 141 натпревар, од кои 28 како стартер, со просек од 6,2 поени, една асистенција и 0,8 скока за 17 минути на паркетот. Особено внимание привлече уште во дебитантската сезона, кога шутираше одлични 43,2 проценти за три поени. Со тоа беше најдобар дебитант во НБА по процентот за три поени во таа сезона.

Сега тој првпат ќе игра во Европа, каде што Реал Мадрид очекува неговите шутерски способности да донесат дополнителна опасност во нападот. Шпанскиот гигант во него гледа дополнително решение за бековската линија и играч што може да придонесе и како организатор и како стрелец.

ИЗДВОЕНИ