среда, септември 16, 2026
Дома СВЕТ Седум републиканци ја поддржаа резолуцијата за ставање крај на војната со Иран

Седум републиканци ја поддржаа резолуцијата за ставање крај на војната со Иран

16
EPA/SHAHZAIB AKBER

Седум републиканци во Претставничкиот дом на САД им се придружија на демократите во гласањето за резолуција со која се повикува претседателот Доналд Трамп да ги прекине воените операции на САД против Иран.

Резолуцијата беше усвоена со 220 гласа „за“ и 204 „против“. Ова е третпат Претставничкиот дом да усвои слична мерка. Овој пат, таа беше поддржана од седум републиканци, додека претходните две резолуции имаа поддршка од по четворица републикански пратеници.

Тројца републиканци за првпат поддржаа ваква резолуција: Маријанет Милер-Микс и Зак Нан од Ајова, како и Ненси Мејс од Јужна Каролина. Томас Маси од Кентаки, Том Барет од Мичиген, Ворен Дејвидсон од Охајо и Брајан Фицпатрик од Пенсилванија повторно гласаа за резолуцијата.

„Нема да поддржам уште една бескрајна војна. Можеме да ги заштитиме Американците, да вршиме притисок врз Иран и да се стремиме кон мир, а истовремено да обезбедиме Конгресот да ја исполни својата уставна одговорност“, изјави Нан по гласањето.

Резолуцијата се повикува на Законот за воени овластувања и бара повлекување на вооружените сили на САД од непријателствата со Иран, со исклучоци кои се однесуваат на одбраната на базите на САД и на сојузниците.

Резолуцијата од ваков вид на Претставничкиот дом сама по себе нема законска сила ниту правно го обврзува претседателот, таа, всушност, го претставува официјалниот став на тој дом на Конгресот во врска со воениот ангажман на САД.

ИЗДВОЕНИ