петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Разузнавачки пакт меѓу Москва и Техеран: Руската технологија му помага на Иран

Разузнавачки пакт меѓу Москва и Техеран: Руската технологија му помага на Иран

215
Фото: EPA/ATEF SAFADI

Русија ја прошири размената на разузнавачки информации и воената соработка со Иран, на кој му помага да ги таргетира американските сили на Блискиот Исток, изјавија извори запознаени со ова прашање за „Волстрит џурнал“ (WSJ).

Изворите велат дека Русија му обезбедува на Иран сателитски снимки и подобрена технологија за беспилотни летала за да му помогне на Техеран да ги таргетира американските сили во регионот со поголема прецизност.

WSJ проценува дека Русија на тој начин се обидува да го задржи својот најблизок партнер од Блискиот Исток, да го поддржи во борбата против воената моќ на САД и Израел и да ја продолжи војната што Русија ја користи воено и економски.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека верува оти Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин му помагаат на Иран до одреден степен, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ