Моќен циклон моментално е центриран во јужниот дел на Медитеранот, покрај брегот на Северна Африка, во Либискиот Залив. Во исто време, над нашето подрачје има циклон на голема надморска височина, чиј центар се движи низ нашето подрачје кон јужниот дел на Јадранското Море.
Овој циклон донесе силно невреме во јужна Италија и Малта, а влијае и на времето во Грција, јадранскиот регион и низ целиот Балкан.
Сицилија, Калибраја, северна Либија и Малта се најтешко погодени од бурата.
Во овие области се очекуваат до 100 литри дожд, со ризик од поплави и пороен дожд, и налети на ветер од 100 км/ч, а до 120 км/ч во отворениот дел на Медитеранот.
Облаците како дел од овој циклон ја зафатија и Македонија и се движат од југоисток кон северозапад низ нашето подрачје, носејќи дожд и снег на планините.
ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Променливо облачно и посвежо. Денеска и во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен, а од петок од северен правец.












