Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека ситуацијата во Ормутскиот теснец „нема да се врати на состојбата од пред војната“. Тој не даде дополнителни објаснувања за својата изјава во краткиот пост на платформата X.
Во меѓувреме, областа околу нуклеарната централа Бушер во јужен Иран беше погодена од „непријателска ракета“, соопшти Организацијата за атомска енергија на Иран, пренесе Ал Џезира.
The Strait of Hormuz situation won’t return to its pre-war status.
— محمدباقر قالیباف | MB Ghalibaf (@mb_ghalibaf) March 17, 2026
Иранската организација соопшти дека во нападот немало материјални или човечки жртви и дека ниту еден дел од централата не е оштетен, објави новинската агенција Тасним.
Тие го осудија нападот, велејќи дека ваквите потези се спротивни на меѓународните правила што ги штитат нуклеарните објекти од воени напади и предупредија дека тие би можеле да имаат сериозни последици за целиот регион, вклучително и за земјите од Персискиот Залив.
Бушер е првата нуклеарна централа во Иран, а започна со работа во 2011 година.












