четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Разбиена мрежа за детска порнографија: Меѓу осомничените наводно и претседател на здружение...

Разбиена мрежа за детска порнографија: Меѓу осомничените наводно и претседател на здружение и водител на емисија

1282

Секторот за Компјутерски Криминал при БЈБ- Министерството за Внатрешни Работи, во координација со Отсеците за Компјутерски Криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Република Северна Македонија.

Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно 7 ( седум) локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и Дистрибуција на Детска Порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик при што ќе бидат одземени компјутерски уреди и компјутерски податоци кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.

За едно од лицата кај кого ќе се врши претрес Б.К. од Струга постојат информации дека е претседател на бугарско здржение во Македонија и водител е на подкаст со студио лоцирано во Скопје.

ИЗДВОЕНИ