петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Расчистена дива депонија на улица „Лихнида“

Расчистена дива депонија на улица „Лихнида“

186

Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ отстраниле обемна дива депонија лоцирана на улицата „Лихнида“, во Општина Ѓорче Петров.

– Во рамките на реализираните активности на посочената локација беа подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри кабаст, градежен и градинарски отпад одложени на јавна површина – информираа од претпријатието.

Оттаму додаваат дека од почетокот на март, нивните екипи расчистиле вкупно 1.260 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 280 кубни метри, било отстрането во општината Карпош.

Воедно, биле подигнати и транспортирани 6.250 тони мешан комунален отпад од домаќинствата во сите скопски општини.

 

ИЗДВОЕНИ