Македонската сениорска ракометна репрезентација ги доби противниците во групата за Светското првенство во Германија, кое ќе се офржи од 13 до 31 јануари наредната година. Македонија натпреварите ќе ги игра во Магдебург, а противници во групата Х ќе и бидат селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија.
Првиот натпревар е закажан на 15 јануари кога ќе ги одмериме силите со Јапонија, додека два дена подоцна ќе се соочиме со Бахреин. Групната фаза ја затвораме против Исланд на 19 јануари. Пласман во следната рунда ќе обезбедат првите три селекции од секоја групата.
Доколку македонските ракометари успеат да ја минат групната фаза, тогаш во следниот круг ќе вкрстат со екипите од Групата Г, каде што се наоѓаат Данска, Словенија, САД и Ангола. Тоа значи дека во главната фаза би можеле да гледаме атрактивни пресметки со актуелните светски велесили Данска и Словенија, но и со една од селекциите на САД и Ангола кои за нас се непознаница.
ГРУПИ НА СП 2027: Група А (Минхен): Германија, Србија, Тунис, Уругвај, Група Б (Штутгарт): Италија, Египет, Зеленортски Острови, С. Арабија, Група Ц (Минхен):
Хрватска, Шпанија, Чиле, Турција, Група Д (Штутгарт): Франција, Аргентина, Бразил, Кувајт, Група Е (Кил): Шведска, Норвешка, Грција, Катар, Група Ф (Магдебург):
Португалија, Фарски Острови, Полска, Алжир, Група Г (Кил): Данска, Словенија, САД, Ангола, Група Х (Магдебург): Исланд, Македонија, Бахреин, Јапонија












