сабота, јуни 13, 2026
Дома СВЕТ Работен состанок на самитот на Г7 во вторник: Нова средба на Трамп...

Работен состанок на самитот на Г7 во вторник: Нова средба на Трамп и Зеленски на повидок

18
Фото: EPA/SHAWN THEW

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, ќе учествуваат на истиот работен состанок во вторник за време на самитот на Г7 во Франција, иако формална билатерална средба меѓу двајцата претседатели во моментов не е планирана, изјави вечерва неименуван висок американски функционер.

Двајцата лидери би можеле да се сретнат на маргините на овој работен состанок, рече функционерот, додавајќи дека Трамп е „единствениот“ лидер способен да ја заврши војната меѓу Русија и Украина, но не даде други детали.

За време на самитот на Г7 во Франција, кој ќе трае од понеделник до среда, Трамп ќе има билатерални средби со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со лидерите на Катар, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Индија, додаде американски функционер, објавија француските медиуми.

Групата Г7 ја сочинуваат Франција, САД, Велика Британија, Германија, Јапонија, Италија, Канада и Европската Унија, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ