Рускиот претседател Владимир Путин денес инсистираше за време на телефонскиот разговор со ерменскиот премиер Никол Пашинјан Ерменија да одржи референдум за евентуално пристапување кон Европската Унија, објави Кремљ.
Ерменија, сојузник на Русија со која дели вековна историја, во последните месеци се сврте кон западните сили под водство на Пашинјан, чија партија победи на парламентарните избори во јуни.
Тоа поместување и наведената амбиција за пристапување кон ЕУ ги затегнаа односите со Москва, која воведе санкции врз Ерменија.
Руските власти го забранија увозот на ерменски земјоделски производи.
Рускиот претседател „ја нагласи потребата од што е можно поскоро одржување национален референдум за членството на Ерменија во ЕУ“, се вели во соопштението на Кремљ.
Пашинјан рече дека таков референдум „е можен само по поднесување на официјално барање за членство во Европската Унија“, објави кабинетот на ерменскиот премиер.
И покрај неговото зближување со Западот, Пашинјан ја потврди својата желба да одржува силни врски со Русија, која ја смета Ерменија за составен дел од својата сфера на влијание, пренесува „Бета“.












