понеделник, јули 27, 2026
Дома БАЛКАН Собранието ги усвои измените на Законот: Црна Гора воведува два дена платено...

Собранието ги усвои измените на Законот: Црна Гора воведува два дена платено „менструално отсуство“ месечно

2

Собранието на Црна Гора ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување со кои жените со секундарна дисменореја и болни менструални циклуси имаат право на два дена платено отсуство  месечно.

Тоа право, како што пренесува „Вјести“, се однесува на жените кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други гинеколошки заболувања.

Инцијативата за измени во законот ја поднесе во март годинава, во пресрет на Меѓународниот ден на жената, независната пратеничка Евросима Пејовиќ.

Предлог законот претходно беше едногласно поддржан на седниците на Одборот за здравство, труд и социјална грижа и на Законодавниот одбор. Во образложението на законот се наведува дека целта е измена за адекватно регулирање на дијагностицираните патолошки состојби на секундарна дисменореа, отстранување на предрасудите на работното место и воспоставување рамнотежа меѓу зачувувањето на здравјето и професионалните обрвски на жените. Како што се истакнува, на жените со секундарна дисменореја им се признава правото на посебна состојба на привремена спреченост за работа.

Секундарната дисменореа подразбира болни меснструални болки предизвикани од претходно дијагонсотицирани гинеколошки заболувања, како ендометриоза, миони, воспаление на јајниците, ендометриски полипи и синдром на полицистички јајници, како и на состојби кои можат да бидат придружени со болен сексуален однос, отежнато мокрење, неплодност или обилно менструално крварење.

 

ИЗДВОЕНИ