Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските вооружени сили напредуваат во сите правци на фронтот во Украина и дека „непријателот не е во состојба да го ограничи овој напад и прибегнува кон терористички методи“.
Рускиот претседател оцени дека со „специјалната воена операција“ е постигнато многу, но дека сè уште има нерешени прашања, пренесува „ТАСС“.
„Повторувам, не треба само да обновиме и поправиме сè што е уништено и оштетено, туку да поставиме темели за фундаментална трансформација на економијата и индустријата. Мора да се осигураме дека сите области од животот во овие региони ќе добијат силен поттик за развој, за луѓето да видат вистински промени на подобро. Ова е нашата клучна национална задача“, нагласи Путин на состанокот за интеграцијата на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР), Луганска Народна Република (ЛНР), Запорожје и Херсон.












