Путин потпиша закон кој предвидува казни за продажба на енергетски пијалаци на деца

22
Фото:википедија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон кој предвидува казни до 5.500 евра (500.000 рубли) за продажба на енергетски пијалаци на деца, објави веб-страницата на официјалното објавување на руските правни акти.

Законот утврдува казни за кршење на правилата за малопродажба на безалкохолни енергетски пијалоци на малолетници.

Граѓаните и правните лица подлежат на казни до 5.500 евра, а службените лица до 2.200 евра, објави „РИА Новости“.

Претседателот на Руската државна дума, Вјачеслав Володин, претходно изјави дека овој закон ќе биде продолжение на систематската законодавна работа за заштита на здравјето на помладата генерација.

Пратеникот на Државната дума Алексеј Говирин истакна дека во некои региони ограничувањата за продажба на енергетски пијалаци на малолетници биле на сила и претходно, но дека само во некои региони се предвидени казни, на пример, во Московскиот регион и Санкт Петербург, и дека тие се значително пониски од оние утврдени со новиот закон.

ИЗДВОЕНИ