сабота, ноември 14, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Николоски: Аеродромите во Македонија рушат рекорди како резултат на паметните политики –...

Николоски: Аеродромите во Македонија рушат рекорди како резултат на паметните политики – проекциите за 2030 година, се остваруваат уште во 2026 година

0

Аеродромите во Македонија рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според вицепремиерот и министер за транспор,  растот е резултат на субвенционирањето нови авиолинии и инвестициите во аеродромската инфраструктура.

Николоски посочи дека проекциите за 2030 година се остваруваат уште во 2026 година, а позитивниот тренд се очекува да продолжи и во наредниот период.

„Очекувам само скопскиот аеродром да помине 3,6 милиони патници и ако имаме малку среќа, очекувам до крајот на годината да можеме да имаме една убава церемонија за четири милиони патници на двата аеродроми, што споредено со 2,4 милиони патници во 2024 година е еден огромен скок“, истакна Николоски.

Вицепремиерот најави и можност за воведување нови чартер-летови до охридскиот аеродром, со кои би се привлекувале туристи и надвор од летната туристичка сезона.

Станува збор за големи чартер-тури, кои би овозможиле слетување на најмалку два авиона со туристи дневно во периодот од октомври до мај.

Николоски нагласи дека чартер-летовите сè уште не се официјално потврдени, но изрази оптимизам дека наскоро ќе биде постигнат договор, што би претставувало дополнителен поттик за развојот на охридскиот аеродром и туризмот во земјава.

ИЗДВОЕНИ