вторник, февруари 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Првпат во државата извршена интервенција на пациент со скршен лакт, постигната стабилизација...

Првпат во државата извршена интервенција на пациент со скршен лакт, постигната стабилизација на зглоб и враќање на функцијата на целосни движења

53

Министерството за здравство денеска соопшти дека првпат во државата е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во зглоб на лакт, со што е постигната стабилизација на зглобот и враќање на функцијата на целосни движења во него.

Интервенцијата, како што е наведебо во соопштението, е изведена на клиниката за трауматологија, при ТОАРИЛУЦ.

– Станува збор за првиот систем за радијална замена на главата со радиолуцентни испитувања, кодирани во боја кои овозможуваат одредување на висината на самото место и визуелизација на проксималната улна и зглобот. Интервенцијата ја извршија трауматологот д-р Игор Мерџаноски, д-р Александра Танеска, д-р Александра Горѓоска, анестезиолог д-р Александар Димитровски, медицинската сестра- инструментарка Елизабета Јовановска и рендген техничар, Тони Цветковски, соопштија од Министерството за здравство.

ИЗДВОЕНИ