недела, јуни 14, 2026
Дома СКОПСКА Првпат откако е изградена се санира улицата „101“ во Волково

Првпат откако е изградена се санира улицата „101“ во Волково

5

Првпат откако е изградена се реконструира улицата „101“ во Волково. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, заедно со пратеникот Бојан Стојаноски го означи почетокот на реконструкцијата на една од најважните сообраќајни артерии во овој дел на Скопје.

– Станува збор за целосна реконструкција на коловозот во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на „пивателни“ бунари, уредување на просторот кај последната станица на линијата „22“, како и поставување нова автобуска постојка – истакна Ѓорѓиевски.

Тој наведе дека оваа улица има особено значење за жителите на Волково, затоа што претставува директна врска со обиколницата и секојдневно ја користат голем број граѓани.

Ѓорѓиевски најави дека Град Скопје има сериозен и јасен план за Ѓорче Петров, односно дека по обновата на улицата „101“ ќе следуваат улиците „Шарпланинска“ и „Веле Марков“, како и, како што кажа, многу други капитални проекти, кои директно ќе го подобрат квалитетот на животот на жителите од овој дел на Скопје.

ИЗДВОЕНИ