петок, ноември 13, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Први знаци на стабилизација на пазарот на нафта по повеќемесечната криза

Први знаци на стабилизација на пазарот на нафта по повеќемесечната криза

0

Во четвртиот квартал од оваа година, на глобалниот пазар понудата на нафта ќе ја надмине количината потребна за задоволување на побарувачката. Меѓународната агенција за енергетика (IEA) во петокот објави дека ова е првпат, од почетокот на војната во Иран во февруари, понудата да ја надмине побарувачката.

„Пазарот на нафта покажува први знаци на повторно воспоставување рамнотежа, при што глобалната понуда на нафта ја надминува побарувачката за првпат откако започна војната во Иран“, се наведува во месечниот извештај на Агенцијата.

Извозот на нафта од регионот на Заливот моментално изнесува 74 отсто од нивоата пред војната. Саудиска Арабија и Иран го зголемија производството на нафта, а сè поголем број танкери минуваат низ Ормускиот теснец, и покрај нападите што таму сè уште се случуваат.

„Извозот од регионот на Заливот закрепна многу побрзо од глобалната побарувачка за нафта“, истакнаа од IEA.

Цените на нафтата во последно време нагло паднаа, како резултат на зголемениот извоз од Блискиот Исток и надежите за дипломатско решавање на војната. Нафтата од типот „Брент“ моментално се тргува по цена од 96 долари за барел – што претставува пад во однос на цената од над 117 долари, забележана кон крајот на октомври.

ИЗДВОЕНИ