Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, ги прими најуспешните ученици – првенците на генерацијата 2025/2026 година, од десетте општински основни училишта.
Во знак на признание за нивниот исклучителен успех, посветеност и вложен труд, Општина Карпош им додели парична награда во висина од 10.000 денари, како поттик за нивен понатамошен образовен развој.
Како дополнително признание за постигнатите резултати, првенците добија и седумдневно летување во кампот „Каливас“ во Грција.
Средствата за наградите на првенците на генерација се обезбедени од Програмата на Одделението за образование на Општина Карпош.
Општина Карпош упати честитки до учениците, нивните родители и до наставниците за вложениот труд и за резултатите и им посака уште поголем успех во понатамошното образование.












