Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска, откако во директната пресметка за четвртото место во групата „Д“ ја совлада Шведска со 69:60.
По израмнетото прво полувреме, кое Швеѓаните го добија со минимални 31:30, избраниците на селекторот одиграа извонредно во продолжението. Со цврста одбрана, голема борбеност и одлична тимска игра, Македонија целосно го сврте текот на натпреварот и во третата четвртина создаде двоцифрена предност, која успешно ја зачува до крајот.
Капитенот Григориј Ѓорѓевиќ беше лидер на тимот со фантастичен учинок од 17 поени, 11 асистенции и осум скока, додека Цветковски постигна 12 поени. Двоен ефект имаше и Малиниќ со 11 поени и 10 скока, а Данев додаде уште 10 поени.
Со овој триумф Македонија обезбеди место во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство. По денот за одмор, нашите јуниори ќе ги продолжат настапите во борбата за што подобар конечен пласман.
ИЗДВОЕНИ

ДИК за резултатите од вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
Народна банка на Македонија донесе решение за воведување администрација во Алта банка а.д. Битола

Без помош од други, не можат ниту до лекар ниту до банка, 43 отсто од институциите немаат пристап до тоалет

ЖИВОТНИ ПАTОКАЗИ, ЗОРАН КРСТЕВСКИ: СПРАВУВАЊЕ СО ТЕШКОТИИТЕ







