сабота, септември 12, 2026
Дома СВЕТ Протести во Даблин поради посетата на Трамп на Ирска

Протести во Даблин поради посетата на Трамп на Ирска

0
Фото: EPA/NEIL HALL

Голем број луѓе денеска се собраа во центарот на Даблин за да го изразат своето противење на тековната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Ирска, јавуваат британските медиуми.

Демонстрантите започнаа марш од „Градината на сеќавањето“ (Garden of Remembrance), пренесува „Гардијан“.

Демонстрантите носат транспаренти и знамиња и извикуваат: „Доналд Трамп, дали нè слушаш? Не те сакаме овде“.

На транспарентите се испишани пораки како: „Сите те мразат“, „Направи лажењето повторно да биде погрешно“, „Нема добредојде за Трамп – член на класата на Епстајн, расист, помагач во геноцид и негирач на климатските промени“, „Американската војска надвор од Ирска“, „Не за тираните, не за диктаторите, не за Трамп“ и „Штрајк против класата на милијардери“, јавува „Скај њуз“.

За време на средбата со ирскиот премиер Михол Мартин претходно денеска, Трамп ја минимизираше важноста на протестите, изјавувајќи пред новинарите: „Не видов никакви протести“.

ИЗДВОЕНИ