Општина Илинден продолжува со инвестиции во комуналната инфраструктура, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните. Во рамките на овие активности, во местото викано Плац, населба Илинден, се реализираат градежни активности за проширување на фекалната канализациска мрежа и овозможување приклучоци за домаќинствата кои досега немаа пристап до истата.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, посочи дека станува збор за домаќинства лоцирани во еден од најниските делови на населбата, каде што поради специфичната конфигурација на теренот досега не постоеле услови за нивно поврзување со канализацискиот систем.
– Во рамките на проектот е изградена примарна канализациска мрежа и се поставени приклучоци за домаќинствата, кои преку препумпен уред ќе бидат поврзани со постојниот колекторски систем за фекална канализација. Со ова се создаваат услови за надминување на долгогодишниот инфраструктурен проблем во овој дел од населбата – соопштија од Општина Илинден.












