Во Крушево, на гробот на ангелот….Популарниот српски пејач Никола Роквиќ, кој ова лето одржа повеќе од успешен концерт во охридскиот Антички театар, деновиве со своите музичари беше во Крушево и, секако, ја посети Спомен-куќата на ангелот Тоше, како и манастирот „Свето преображение“, во чија изградба со многу љубов учествуваше и Тоше со своето семејство.Никола беше и на гробот на Тоше, оддавајќи му голема почит. Во текот на престојот во Крушево, српскиот пејач го пречека Доменика, мајката на Тоше, како и Дора, сестрата на Тоше. Роквиќ од сè срце им се заблагодари за на далеку прочуеното домашно македонско гостопримство.

Во самата Спомен-куќа, тој остави и емотивна, лична посвета во книгата на впечатоци: „Ти благодарам, брату по Христа, за секој твој чекор, стих и живот. Голема инспирација си и љубов. Твој Никола Роквиќ“.

 

 

ИЗДВОЕНИ