вторник, ноември 17, 2026
Дома СКОПСКА Обука за финансиска писменост на 30 жени од Центар

Обука за финансиска писменост на 30 жени од Центар

1

Општина Центар организира обука за финансиска писменост на жените, со цел поттикнување на женското претприемништво и економската самостојност. За таа цел, објавен е јавен повик за пријавување на 30 учеснички кои сакаат да стекнат нови знаења и вештини за започнување сопствен бизнис.

На јавниот повик можат да се пријават жени со живеалиште на територијата на Општина Центар, кои имаат наполнети 18 години и завршено најмалку четиригодишно средно образование. За учество не е потребно претходно искуство во претприемништвото.
За пријавување е потребно да се достават пополнета пријава, копија од лична карта и доказ за завршено образование. Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака 6, од 9:00 до 15:00 часот или по пошта на адреса улица „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје.

Рокот за пријавување е 10 дена од објавувањето на јавниот повик.

ИЗДВОЕНИ