вторник, ноември 17, 2026
Дома СКОПСКА Не фрлајте влажни марамчиња и пелени во канализација!

Не фрлајте влажни марамчиња и пелени во канализација!

1

Екипите на јавното  претпријатие „Водовод и канализација“ повторно интервенирале на затната фекална канализација на улицата „Бапчор“.

Од канализациската мрежа бил отстранет несоодветен отпад што го попречувал нормалниот проток.

– Интервенцијата на улицата „Бапчор“ уште еднаш ги покажа последиците од несовесното одлагање отпад – велат од ЈП „Водовод  и канализација“.

Од претпријатието повторно апелираа до граѓаните да не фрлаат влажни марамчиња, пелени, хигиенски производи и друг вид отпад во канализациските шахти, а за таа намена да ги користат кантите за отпадоци.

– Со одговорно однесување придонесуваме за спречување затнувања и дефекти и за заштита на канализациската мрежа. Канализацијата не е место за одлагање отпад – потенцираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Пред една недела, екипите на ЈП „Водовод и канализација“, ја одзатнуваа канализациската мрежа на улицата „Антон Попов“ од каде што, иста така, беше отстранет отпад што го попречувал нормалното функционирање на системот.

ИЗДВОЕНИ