вторник, септември 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Просечната плата во јули достигна 48.499 денари

Просечната плата во јули достигна 48.499 денари

0

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули изнесувала 48.499 денари, објави Државниот завод за статистика. Во однос на истиот месец лани, платата е зголемена за 7,1 отсто номинално, додека реалниот раст изнесува 4,7 отсто.

На месечно ниво, растот е минимален – 0,2 отсто номинално и 0,1 отсто реално.

Највисока просечна нето-плата е исплатена во секторот Информации и комуникации – 89.532 денари, а најниска во угостителството и хотелиерството – 34.693 денари.

Во преработувачката индустрија просекот бил 43.276 денари, во трговијата 45.230 денари, а во градежништвото 56.637 денари.

Најголем годишен раст на платите има во финансиските дејности и осигурувањето – 10,7 отсто, снабдувањето со вода и управувањето со отпад – 10,4 отсто, и дејностите поврзани со недвижен имот – 9,6 отсто.

ИЗДВОЕНИ