четврток, јуни 18, 2026
Дома БАЛКАН Пронајдена е малолетничката од Нови Сад по која беше активиран алармот „Пронајди...

Пронајдена е малолетничката од Нови Сад по која беше активиран алармот „Пронајди ме“: се огласија од српското МВР со детали

1652

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Полициската управа за град Белград, по интензивна потрага, ја пронајде вечерта околу 20 часот и 40 минути 15-годишната Н.Д. од Нови Сад чие исчезнување беше пријавено на 29 април 2026 година, соопштија од МВР, пренесе „Н1“.

Таа е пронајдена во друштво на петнаесетгодишникот чие исчезнување во Нови Сад исто така беше пријавено истиот ден. Обајцата се во добра  општа состојба и во тек е понатамошна истрага за случајот.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти вечерта дека брзата и ефикасна реакција на припадниците на МВР беше успешно завршена потрагата по малолетната Д.Н. (15) од Нови Сад, чие исчезнување беше пријавено на 29 април.

„Благодарение на навремената дојава на граѓаните и добрата координациа на полициските служби, девојчето е пројандено вечерта на 1 мај во воз на релација Белград-Петроварадин. Посебно е важно што таа и малолетникот се пронајдени во добра општа состојба“, изјави Дачиќ, се наведува во соопштението на МВР.

Тој истакна дека системот за итно известување на јавноста „Пронајди ме“ уште еднаш го покажа своето значење и ефикасност“; и додаде дека Министерството за внатрешни работи на Србија останува во целост посветено на безбедноста на децата и на своите граѓани.

„Им честитам на сите поединци на полицијата кои учествуваа во оваа акција, како и на граѓаните кои со своите одговорно однесување помогнаа во успешно решавање на оваа ситуација“, порача Дачиќ.

 

ИЗДВОЕНИ