четврток, јуни 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во акциска контрола на СВР Скопје се санкционирани 113 возачи на...

Во акциска контрола на СВР Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл – 45 возеле без кацига, еден е лишен за безобѕирно возење

51
Фото:МВР, ФБ

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје  на 2 мај во периодот од 12:00 до 20:00 часот спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги чинат возачи на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и мотоцикли на подрачјето на град Скопје, при што санкционирани се 113 возачи, соопштија од МВР.

Од нив четири возачи се санкционирани поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции се изречени за возачи кои управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 45 мерки за возачи без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење на сообраќајна дозвола, две санкции за движење по несодветна површина, две мерки за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци.

За време на акциската контрола еден возач на мотоцикл е лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување возило.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата.

ИЗДВОЕНИ